Јосиф Јосифовски Свештарот 2, Струмица, Македонија

Хотел

Локација и информации за хотелот

Хотел Есперанто се наоѓа во центарот на Струмица, на градскиот плоштад. Гостите можат да го доживеат градскиот живот во Струмица на 100 метри од хотелот. Хотелот има долга традиција. Пред повеќе од 40 години, беше единствениот хотел во градот кој располага со ресторан и сала за свечености. Денес, хотелот Есперанто е целосно реновиран и опремен со модерен, луксузен ентериер и го задржа своето оригинално име. Во близина на хотелот се најубавите кафулиња, ноќни клубови, книжарници, бутици, галерии, банки и продавници за сувенири. Ресторанот е со панорамски поглед и пријатен балкон на кој нашите гости можат да уживаат во прекрасните предели. Ние нудиме безбедност во вашиот престој и нашите вработени ќе се грижат за анимирање и збогатување на вашиот одмор. Ако сакате да бидете во центарот на вниманието, вие сте на вистинското место!

Хотелот нуди панорамски лифтови, бесплатен паркинг со видео надзор,
Бесплатен Wi-Fi интернет и кабелска телевизија.
Ресторанот има капацитет од 150 гости.
Голема сала за деловни состаноци (50 лица)
Мала сала за деловни состаноци (30 лица), секоја со панорамски поглед.